S.T.R.E.T – Пакет алатки за професори image

S.T.R.E.T – Пакет алатки за професори

Датум

2018 - 2021

Донатори

E+ (Европска Комисија)

Партнери

АРНО (Координатор), СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“-С. Македонија, „Прва Сушачка Гимназија“ - Хрватска, гимназија „Лиздеикос“-Литванија и здружението „Out of the box“ - Белгија

Клучни зборови

образование, филантропија, ООП , социјално претприемништво, млади

„S.T.R.E.T.-Пакет алатки за професори“ е проект граден врз искуството од постоечкото партнерство меѓу 4 држави: Литванија, Хрватска, С. Македонија и Белгија. „STRET -пакет алатки за професори“ го надградува претприемничкотo образование преку  додавање на нови концепти во наставните планови- филантропија, општествена одговорност на претпријатијата и социјално претприемништво.

Активностите на проектот придонесуваат кон подобрен екосистем за промоција на општествената одговорност на компаниите и социјалното претприемништво, во и надвор од училиштата, зголемувајќи го знаењето, капацитетите на професорите и  видливоста на напорите на Европската Унија за промовирање на ефективни политики за претприемничко образование, лобирајќи  на национално и меѓународно ниво, како и зголемување на свеста и вниманието на јавноста за потребата од едуцирање на нови генерации на одговорни претприемачи. Покрај ова,  STRET проектот не резултира само со активности за едукација и лобирање, туку и со креирање на професионални и експертски заедници кои ќе можат дополнително да се залагаат за интеграција на STRET концепт.

Од проектот издвојуваме: Резултати од проектот се: 1) Изработка на компаративна анализа која обезбедува преглед на состојбата со претприемничкото образование во 4-те земји 2) Прирачник за професори за предавање на овие теми ; 3) Обука за професори 4) Препораки за политики и мобилизација на засегнатите страни.

Документи за преземање

Видеа од проектот