Основна студија за социјалните претпријатија во Македонија
Датум
Донатори
Партнери
Клучни зборови
Основната студија за социјални претпријатија во Северна Македонија (Студија) е изработена од АРНО за потребите на Националниот Младински Совет нa Македонија (НМСМ) во рамките на проектот Социјално претприемништво за младинско вработување (Social Entrepreneurship for Youth Employment) финансиран од Европската Унија (ЕУ). Студијата е изработена во периодот од мај до јули 2022 и дава приказ на фактичката ситуација, капацитетите и потребите на социјалните претпријатија, со посебен фокус на младинските социјални претпријатија.
Студијата има за цел да креира синергии помеѓу различни актери, институции и програми и да даде детална анализа на моменталната ситуација со социјалното претприемништво во Македонија. Студијата ги анализира карактеристиките, структурата и капацитетите на активните социјални претпријатија од сите региони на државата и ги идентификува областите за потребна поддршка и градење на капацитети. Студијата исто дава заклучоци и препораки за јавни политики до сите релевантни актери во екосистемот на социјално претприемништво во Македонија. Попрецизно, преку мапирање и анализа на социјалните претпријата, Студијата презентира важни информации и податоци за областите на работа, локацијата, бројот и демографијата на вработените, производите и услугите, економската активност, приходите и профитот на социјалните претпријатија.
Воедно, студијата ги идентификува младинските социјални претпријатија како правни ентитети водени и/или кои вклучуваат млади и/или кои креираат директни бенефити за младите, и за прв пат, ги дефинира како посебна категорија во екосистемот на социјални претпријатија. Покрај социјалните претпријатија, студијата ги идентификува и анализира потребите на оперативните идеи за социјални претпријатија со цел да го мапира и процени потенцијалот и правецот на развој на социјалното претприемништво.. Вкупно, студијата идентификува 57 социјални претпријатија од сите плански региони во Македонија, и дополнително мапира 40 оперативни идеи за социјални претпријатија.
Како главен продукт, студијата го претставува и регистарот на социјални претпријатија во Македонија, прв од овој вид во нашата држава. Регистарот е важна дата-база која содржи и претставува податоци и основни информации за социјалните претпријатија како контакт информации, социјална мисија, локација, производи и услуги и сл. Стремејќи се да обезбеди подобра промоција на социјалните претпријатија, подигање на свеста и воспоставување на нови партнерства и соработки помеѓу социјалните претпријатија, како и помеѓу социјалните претпријатија и другите институции, општини, бизниси, донатори и други важни чинители. Регистарот е “жив документ” отворен за промени и проширувања и е слободен за користење од пошироката јавност, граѓаните, институциите и сите заинтересирани страни.
Од проектот издвојуваме: Мапирање на социјални претпријатија; прв регистар на социјални претпријатија; анализа на потребите и капацитетите на социјалните претпријатија; дефинирање на младински социјални претпријатија и оперативни идеи за социјални претпријатија; препораки за јавни политки за екосистемот на социјални претпријатија.
Документи за преземање: Основна студија за социјалните претпријатија во Македонија , Главни резултати , Регистар на социјалните претпријатија во Македонија.