Кулинари во акција – СП за импакт
Датум
Донатори
Партнери
Клучни зборови
Проектот „Кулинари во акција – социјално претприемништво за импакт“ е инспириран од плодната соработка помеѓу АРНО и СУГС „Лазар Танев“. Од 2013 година навака, ова партнерство го покажа совршениот рецепт за успех, генерирајќи позитивни резултати во областите на неформално образование за готвачи, перспективите за вработување на младите и социјалната економија.
„Кулинари во акција“ има за цел да ја зголеми вработливоста, подвработеноста и да го олесни преминот на учениците на пазарот на труд, особено кај младите со помалку можности. Социјалното претприемништво ќе се користи не само како модерен бизнис модел, туку и како алатка за зајакнување на вработливоста и самовработувањето на младите готвачи. Покрај директното искуство, проектот ќе понуди работилници за воведување на учениците во основите на социјалното претприемништво. На учениците ќе им се претстават вредностите на социјалното претприемништво, важноста на комуникацијата и вклучувањето на на заедниците и соработката со различни актери.
Оваа иницијатива се спроведува со поддршка од Европската Унија во рамки на проектот „Младите – агенти на променa“ кој го спроведуваат Центар за Интеркултурен Дијалог, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражувања и анализи НОВУС.
Проектот е финансиран со поддршка од Европската Комисија. Содржината на овој проект е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата на Европската Унија.
Од проектот издвојуваме: Во рамки на проектот предвидено е вклучување на граѓаните од Скопје кои ќе бидат повикани да го реизмислат ѓеврекот преку натпревар за рецепти. Натрпеварот ќе кулуминира во големото финале каде 10 финалисти ќе приготвуваат ѓевреци по свои рецепти. Победникот на натпреварот ќе добие мала финансиска награда и ќе го пренесе својот рецепт на учениците.