
KA1 Размени
Датум
2014
Донатори
E+ (Европска Комисија)
Партнери
Различни
Клучни зборови
млади, размени, мобилност, Европска соработка, неформална едукација
KA1 размените обединуваат групи на млади луѓе од две или повеќе држави, овозможувајќи им простор за дискусија и конфронтација со различни теми, и можност да учат едни од други за своите земји и култури. АРНО силно ја поддржува идејата за младинска мобилност, врсничка едукација, неформално образование и интеркултурен дијалог, и токму затоа учествува како партнер на повиците од оската КА1.
Во досегашното работење АРНО на младите им има овозможено учество на најразлични проекти. За повеќе информации во врска со тековни и идни можности, следете не’ овде.
Од проектот издвојуваме: Трошоците за учество на размените (вклучувајќи превоз, сместување и храна) се целосно покриени.