
INN@SEE – Младинско учество преку иновативно социјално претприемништво
Датум
Донатори
Партнери
Клучни зборови
Проектот (https://innose.up.krakow.pl/) промовира социјално-претприемничко образование за млади преку иновативен пристап базиран на резултати од научни истражувања и меѓу секторска соработка. Социјалното претприемништво е централен елемент на проектот, а воедно и медиум преку кој се постигнуваат останатите трансферзални цели. Целите на проектот потекнуваат од 3 целни области: вештини и градење на капацитети, вмрежување и градење на свест за СП. Поконкретно, целите на проектот се:
- Промоција на претприемнички мајндест и претприемнички вештини кај младите луѓе на ниво на ЕУ
- Обезбедување на јасни алатки за идните социјални претприемачи
- Олеснување на пристап на младите до информации поврзани со различни можности за грантови, обуки и менторства, како и алатки на локално и меѓународно ниво
- Промоција и вмрежување на младите социјални претприемачи
- Промоција на европската култура на социјално претприемништво во општеството, рехабилитирајќи го претприемништвото преку социјалното претприемништво, со посебно внимание на концептот и пристапот „од млади за млади “
- Подигнување на свеста кај младите луѓе за предизвиците кои се однесуваат на диверзитетот на заедниците, општеството, животната средина и освестување како социјалното претприемништво може да придонесе во нивно решавање
- Да се промовира видливоста на клучните засегнати страни кои работата во полето на социјалното претприемништво и да се потенцира важноста на социјалните иновации и општествениот импакт.
Од проектот издвојуваме: Проектот промовира употреба на концепт наречен „ Open Social Innovation /Отворени социјални иновации“ и демонстрира како овој концепт може да се користи преку посочување на низа примери, насоки и конкретни настани. Главниот принцип на концептот на отворени иновации се води од премисата дека една организација не создава иновација во изолиран контекст, туку напротив, со вклучување на разни партнери, стекнувајќи идеи и ресурси од надворешното опкружување.
Производство на прирачник: Целта на овој интелектуален аутпут што го води АРНО, е да го инспирира иновативниот социјален претприемачки начин на размислување на младите и да им помогне да размислуваат. Овој прирачник ќе служи за прикажување на флексибилен пакет алатки и програма за обука користејќи меѓусекторски пристап; еклектична колекција на постоечки алатки споени под различни теми и режими (изборот офлајн/онлајн). На овој линк можете да ја најдете македонската верзија на прирачникот (бидејќи се работи за голема датотека, ние користиме надворешна врска на Google Drive).