GREASE-Зелено рурално претприемништво во африканскиот социјален екосистем image

GREASE-Зелено рурално претприемништво во африканскиот социјален екосистем

Датум

2024 - 2026

Донатори

Eразмус+ (Европска комисија)

Партнери

DIESIS Network (Белгија-координатор), ARNO (С. Македонија), AFROLEADERSHIP (Камерун), FORESSCAM (Камерун), PARTENARIAT FRANCE & AFRIQUE POUR LE CO-DÉVELOPPEMENT (Камерун).

Клучни зборови

Социјално зелено претприемништво, социјална економија на Камерун, институции за стручно образование и обука, обучувачи, рурални жени, градење капацитети, зајакнување на заедницата, зелена и дигитална транзиција, економско и социјално зајакнување на жените, одржливо создавање работни места, родова еднаквост.

Зелено рурално претприемништво во африканскиот социјален екосистем (GREASE) има за цел да ги зајакне камерунските институциите за стручно образование и обука и социјалните претпријатија фокусирани на зелени и дигитални вештини за рурални жени. Проектот има за цел да го премости јазот во образовниот систем помеѓу потребата за нови зелени, дигитални и претприемнички вештини, и недостатокот на соодветна образовна содржина за обучувачи во социјалната економија и жени во руралните подрачја.

Проектот ќе ги развие клучните компетенции за социјалното зелено претприемништво на обучувачи за зелено социјално претприемништво преку иновативни курсеви за градење капацитети и офлајн и онлајн методологии за учење, овозможувајќи им на партнерите да креираат висококвалитетни програми за стручно образование и обука за одржлив рурален развој. Проектот има за цел да ги ангажира учесниците, едукаторите, руралните жени и локалните чинители во надградување на вештините и создавање инклузивни можности за работа во зелената и дигиталната транзиција.

Генерални цели:

  • Подобрување на капацитетот на камерунските институции за стручно образование и обука за обезбедување иновативни, офлајн и онлајн можности за учење за зелени, дигитални и вештини за социјалното претприемништво.
  • Зголемување на можностите за економско и социјално зајакнување на жените и промовирање на родово инклузивни претприемнички практики во руралните подрачја.
  • Поддршка на трансрегионално споделување на знаења, добри практики и офлајн и онлајн методологии за учење за двојната транзиција помеѓу ЕУ, Западен Балкан и Африка.
  • Поддршка на соработката помеѓу локалните организации, локалните јавни тела, социјалните претпријатија и европските организации во ЕУ, Западен Балкан и Африка во дизајнирање и имплементација на можности за стручно образование и обука за одржливо создавање работни места и инклузија на пазарот на трудот.

Од проектот издвојуваме: Истражување на екосистемот на социјалната економија во Камерун; брошура со инспиративни приказни за женско социјално зелено претприемништво; студиски посети во Камерун и Белгија; програма за градење капацитети за обучувачи и институции во стручното образование и обука во социјалната зелена економија; обука за жени социјални зелени претприемачи од руралните подрачја во Камерун.