
Холокаустот на Балканот – истражување, едукација, сеќавање
Датум
Донатори
Партнери
Клучни зборови
Во декември 2017-та АРНО стана дел од проектот Холокаустот на Балканот, заедно со уште 5 партнери од Балканот. Проектот „Холокаустот на Балканот – истражување, едукација, сеќавање”, кој се спроведува во Романија, Србија, Бугарија, Хрватска, Македонија и Грција, треба да ги покаже состојбите на холокаустот во овие држави и да ја зголеми свесноста, особено кај младите популации, за тоа што се случило во текот на Втората светска војна. Дополнително, проектот цели не само на поткревање на свесноста, туку и кон укажување на можните негативни ефекти на нетолеранцијата, расизмот и дискриминацијата на одредени народи, како актуелни проблеми на денешницата.
Во завршната фаза на проектот, од страна на сите партнери беше одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот. АРНО, како здружение за социјални иновации, се определи за покреативен пристап, и организираше конкурс за есеј и дизајн за разгледница, на темата „Холокаустот во Македонија“. Целта на конкурсот беше да се инспирираат младите креативно да се искажат, преку писмена форма или визуализација, оддавајќи почит на жртвите на Холокаустот и пренесувајќи порака дека овој трагичен настан никогаш нема да биде заборавен.
Од проектот издвојуваме: За време на студиската посета во Скопје, учесниците имаа прилика да го посетат Меморијалниот центар на Евреите во С. Македонија (еден од четирите во светот) и да земат учество во аудио-визуелна едукативна тура. Учесниците беа срдечно пречекани од директорот на Меморијалниот центар- г. Горан Садикаријо.