Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија image

Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија

Датум

2021 - 2023

Донатори

Европска унија

Партнери

AРНO (Национален координатор), Tраг Фондација, Србија (Регионален координатор) Партнер: Здружение Оптимист, Србија

Клучни зборови

социјално претприемништво, зелено претприемништво, зелена економија, социјална економија, регионален проект, инклузивно општество, социјална инклузија, економски развој, социјални претпријатија

Прекугранична Програма Србија-Северна Македонија, 2016-2020, IPA II

Социјалните претприемачи се  носители на одржливиот, праведен и инклузивен развој. Тие директно придонесуваат за социјална и културна инклузија преку нивната работа со ранливите групи на граѓани  и зближувањето на заедниците, и придонесуваат кон зголемување на  социјалната кохезија и солидарност.

Целта на проектот е развој на поинклузивно општество преку зајакнување на социјалните претпријатија и поттикнување на нивната прекугранична соработка.

 

Проектот го промовира социјалното претприемништво и ги поттикнува меѓусекторските и прекуграничните вмрежувања помеѓу социјалните претпријатија, локалните бизниси и надлежните институции преку  неговите главни активности: Академија за социјална економија (која ќе им помогне на социјалните претпријатија да го развијат својот бизнис модел и да го зголемат нивното зелено влијание), менторство за избраните социјални претпријатија, онлајн форум за вмрежување (со цел да се поттикне нивната меѓусебна комуникација), две конференции (во Србија и Н.Македонија).

Од проектот издвојуваме: Академија за социјална економија

На Академијата ќе учествуваат 4 веќе постоечки социјални претпријатија и 8 нови социјално- претприемнички иницијативи и истата ќе има натпреварувачки карактер. Целта на Академијата е да им помогне  на социјалните претпријатија да го развијат својот бизнис модел и да го зголемат нивното “зелено” влијание.