Социјална економија без граници
Датум
Донатори
Партнери
Клучни зборови
Проектот „Социјална економија без граници“ (Social Economy without borders), е финансиран од Вишеградскиот фонд, имплементиран од Фондацијата „Барка“ од Полска во партнерство со: Општина Кробија (Полска), „Армијата на спасот “(Чешка), општина Ревфолуп (Унгарија) и Здружение за социјални иновации „АРНО“ (С. Македонија). На национално ниво АРНО ја има улогата на координатор, но е во партнерство и со локалните организации: Здружение „Солем“, ЗГ„Љубезност“,ЗГ „Мисла“, Центар за поддршка на граѓани „ЦИП/ SIEC“и АХП Прилеп.
Проектот придонесува кон зголемен фонд на знаење и искуства од областа на социјалното претприемништво, постоечки правни форми на социјални претпријатија, извори на финансирање на социјални претпријатија, клаузули во јавните набавки, градење на неформална меѓународна платформа за размена на добри практики.
Од проектот издвојуваме: Втората проектна активност беше студиска посета и конференција организирана во Скопје (октомври 2019 година). Тридневната агенда за размена на добри практики и размена на знаења овозможи посета на македонски социјални претпријатија, посета на општина Шуто Оризари и средба со градоначалникот и организација на национална конференција на која беа споделени успешни приказни од земјите-учеснички , а се одржа и панел-дискусија на која учествуваа истакнати експерти.