Регионален инкубатор за социјални претприемачи image

Регионален инкубатор за социјални претприемачи

Датум

2019 - 2022

Донатори

Француска агенција за развој (AFD) и Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO)

Партнери

Конзорциум: Регионална канцеларија за младинска соработка (РИКО), GROUPE SOS Pulse, Мрежа на млади во Југоисточна Европа (SEEYN), Француски Институт, Француско-германска канцеларија за млади (OFAJ);

Клучни зборови

социјално претприемништво, млади, регионален проект, инкубатори, помирување

Проектот RISE (регионален инкубатор за социјални претприемачи) ќе им овозможи на 200 млади луѓе од Западен Балкан да развијат идеи за социјално претприемништво и да помогнат во решавањето на проблемите од локалната заедница. Младите претприемачи ќе имаат можност да учат, растат и развиваат свои бизнис идеи преку работилници, програми за мобилност и финансиска поддршка, во исто време помагајќи им на локалните заедници да ги решаваат проблемите.

RISE има за цел да го збогати екосистемот на социјално претприемништво на Западен Балкан и да им овозможи на младите луѓе да развијат иновативни општествени решенија, со што ќе придонесат за помирување и соработка во регионот. Позитивна промена на Западен Балкан е можна, а стабилноста и просперитетот можат да се постигнат само со поттикнување на помирување и соработка во регионот.

Станува збор за тригодишен проект кој започна на 1 октомври 2019 година, и се спроведува на  Западен Балкан.

АРНО е гордо што е избрано за локален инкубатор и национална структура која ќе го спроведува проектот заедно со кредибилни партнери од регионот. Останатите локални инкубатори се: Балканската зелена фондација (Косово), Нешто више (БиХ), Смарт Колектив (Србија), IEC Технополис (Црна Гора) и Yunus социјален бизнис (Албанија)

Од проектот издвојуваме: Проектот RISE вклучува: RISE тимови, Risers (индивидуални учесници), RISE патешествие, фаза на идеација, фаза на инкубација, RISE обуки, RISE BootCamp (регионални настани) и RISE експедиција (мобилност).