
Поглед одблизу на социјалните претпријатија
Датум
Партнери
Клучни зборови
Како дел од работната стипендија на еден од основачите на АРНО доделена од Британската амбасада во Скопје, АРНО изработи кампања, која имаше за цел да ја промовира мисијата на Social Enterprise Mark-социјално претпријатије од Обединетото Кралство. Social Enterprise Mark е социјално претпријатие кое нуди единствена меѓународна сертификација за социјални претпријатија. Social Enterprise Mark идентификува бизниси кои ги исполнуваат дефинираните критериуми за социјални претпријатија. За SE Марк можете да прочитате повеќе за на www.socialenterprisemark.org.uk
Целта на летната кампања беше преку интерактивни алатки да се промовира концептот на социјално претприемништво кај пошироката јавност во Велика Британија. По едномесечниот престој во Велика Британија во рамките SE Марк, задачата на Ирина беше да дизајнира и имплементира онлајн кампања, која ќе го привлече вниманието на луѓето и ќе ги инспирира да размислуваат на темата- социјално претприемништво.
Резултатот од работната пракса и блискиот контакт со извонредната работа на SE Марк беше кампањата насловена како “Поглед одблиску кон социјалните претпријатија”. За потребите на оваа кампања тимот на АРНО дизајнираше визуелни решенија и Фејсбук анкета, преку која корисниците имаа можност да одговорат на прашањата и да освојат ваучери за патување од Travel Matters UK кое е сертифицирано социјално претпријатие од Англија. Анкетата дополнително беше интегрирана и на веб страницата на SE Марк.Позади осмислувањето и брендирањето на кампањата стои името на Никола Војнов-бренд менаџер во АРНО.
Од проектот издвојуваме: Додека траеше креирањето на кампањата, главната лекција што се научи беше важноста од сертификација на социјалните претпријатија. Целото техничко знаење (know-how) за сертификација на социјалните претпријатија беше дополнително презентирано и застапувано во нашата земја.