
Ова е мојот Балкан
Датум
Донатори
Партнери
Клучни зборови
Проектот го користи пристапот на интеркултурализам, во рамките на младинското социјално претприемништво – користејќи ја културата и традицијата за активно учество на младите (особено млади со помалку можности), за тие да ги развијат своите вештини за вработување преку патување и учење, истовремено подигајќи ја свеста за интеркултурниот дијалог. Проектот го спроведува АРНО во партнерство со организацијата БХ Крафтс од Босна и Херцеговина.
„Ова е мојот Балкан“ вклучува ученици од средните угостителски и уметнички училишта од Скопје и Сараево кои ќе:
- Посетат историски / културни места во двата града
- Ќе мапираат места со храна во двата града преку кои се раскажуваат интеркултурни приказни
- Ќе учествуваат во кулинарски натпревар (учениците готвачи)
- Учениците од уметничкото училиште ќе разменуваат идеи за културно наследство, сличности и разлики
- Ќе учествуваат на работилници за социјално претприемништво
- Ќе учествуваат на натпревар за дизајн на сувенири
- Ќе изготват уникатна гастро тура за туристи
Со спојување на социјалното претприемништво и интеркултурното учење, проектот покажува колку потребите на младите во денешната кршлива економија и постојан негативен медиумски наратив се исти.
Оваа иницијатива се имплементира под програмата „Кулинари“
Од проектот издвојуваме: Поради ситуацијата со КОВИД-19 и ограничувањата за меѓународни патувања, вклучително и мобилност во регионот, проектот подложи на ревизија на активностите.