Младински глас image

Младински глас

Датум

2014 - 2015

Донатори

Фонд за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија

Партнери

Фонд за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија

Клучни зборови

одржлив развој, пост-2015, агенда 2030, цели за одржлив развој (ЦОР), млади

Регионалната кампања „Младински глас“ поддржана од Фонд за население на Обединетите нации (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија (UNFPA EECARO), беше имплементирана во два дела. Кампањата имаше за цел да осигура дека младите се поставени во центарот на идниот национален и глобален развој, истовремено фокусирајќи се и на младинското учество во агендата „пост-2015“.

Во првиот дел, Y-PEER мрежата во Северна Македонија, составена од неколку членки меѓу кои и АРНО, дизајнираше кампања ориентирана кон младите. Целта беше успешно да се имплементира  регионалната кампања „Младински глас“ преку активности прилагодени на локалните потреби. Вториот дел на кампањата „Младински Глас“, беше воден и целосно администриран од  АРНО.

Кампањата резултираше со: изготвени препораки за млади, одобрени од 49 македонски граѓански организации и младински ограноци на политичките партии. Овие препораки беа доставени до претставник од Министерството за надворешни работи, кој ги сподели со македонската делегација на Генералното собрание на ООН. По усвојувањето на целите за одржлив развој, тимот на кампањата кој беше предводен од активисти од АРНО продолжи да ги вклучува младите луѓе во онлајн и офлајн активности.

Од проектот издвојуваме: Македонските млади ги избраа следниве цели за одржлив развој како главни приоритети: Цел 4: Квалитетно образование, Цел 3: Добро здравје и благосостојба и Цел 8: Пристојна работа и економски раст. Да споделиме и дека креативното решение и хаштагот  #иЈасимамЦел околу кое беше изграден визуелниот идентитет на кампањата настана токму во рамки на овој проект, а понатаму беше преземен за користење од страна на националната канцеларија на ООН.

Документи за преземање