Младинска професионална кујна – нови технологии за социјален бизнис image

Младинска професионална кујна – нови технологии за социјален бизнис

Датум

2013 - 2015

Донатори

УНДП

Партнери

Младите Можат (административен координатор), АРНО (координатор), СУГС „Лазар Танев“-Скопје (партнер), општина Центар (партнер)

Клучни зборови

стручно образование, меки вештини, ученици-готвачи, социјално претприемништво, млади

Инспирацијата на АРНО за овој проект беше големата побарувачка на готвачи од една страна, наспроти лошата репутација на учениците-готвачи во нашето општество, од друга страна.  Овој проект е прв во земјата кој што промовира социјално претприемништво преку употреба на информатичката технологија (ИТ), проект кој има за цел иновативно намалување на невработеност кај младите и градење на одржливи младински заедници.

Како дел од проектот 20 ученици (готвачи) од стручното училиште добија обуки  за основни бизнис вештини, вовед во моделот на социјално претприемништво, обука за управување со платформите на социјалните медиуми, користење на е-пошта и професионална кореспонденција, како и креирање на CV-а и портфолија. Учениците исто така добија и професионални фотографии за понатамошна употреба и себе-промоција. Дел од учениците, благодарение на проектот, беа промовирани на пазарот на труд и ги добија своите први работни места.

ИТ продуктите, на овој проект се:

  • Веб страната  и мобилната апликација www.mojketering.mk, преку кои секој може да нарача кетеринг од училиштето и преку тоа да ги поддржи и учениците. Дел од приходот на кетерингот училиштето го инвестира во учениците.
  • Веб страната http://www.coolinari.mk, и Рецептко -мобилна апликација за рецепти – онлајн платформи кои го промовираат кулинарството како професија и служат како дата база за работодавците. 

Проектот беше финансиран со грант доделен во рамките на програмата на УНДП „Поддршка за младинско социјално претприемништво “ спроведен во партнерство со СУГС „Лазар Танев“, граѓанската организација „Младите можат“, општина Центар и неколку приватни компании. Како прв проект на АРНО,  оваа иницијатива прерасна во програма насловена „It’s Cool to be Coolinary“ а воедно и беше инспирацијата, почеток на сонот за (понтамошно) регистрирање на правен субјект- социјално претпријатие „Кулинари.мк“.

Со овој проект, АРНО се најде во потесниот избор на EYA 2014 (Европска младинска награда). Со својот прв проект АРНО се натпреваруваше за EYA 2014 и се најде во листата на најдобри 50 финалисти кои доаѓаа од 49 европски земји. ЕYA доаѓа од името Европска младинска награда (Еuropean Youth Award) која се доделува со цел да ги мотивира младите луѓе, социјални претприемачи и стартапи да продуцираат дигитални проекти кои ги адресираат целите на Советот на Европа и Европа 2020 и  го демонстрираа нивниот потенцијал да креираат иновативни решенија преку користење на интернетот и мобилната технологија.

Овој проект ја освои втората награда на Social Impact Award 2015, доделена од Млади Инфо-Скопје и Impact Hub Vienna.

Видеа од проектот