
Зелени идеи
Датум
Донатори
Партнери
Клучни зборови
Во 2015 година АРНО започна со имплементација на проектот насловен како “Филантропија и одржлив развој во Македонија”. Филантропија преку зелени идеи (PGI) е регионален проект кој го спроведува Балканската зелена фондација (Balkan Green Foundation) од Косово, и истиот е поддржан од Фондот на браќата Рокфелер во рамки на програмата за развој на Западен Балкан. Проектот има за цел да ги стимулираа и охрабри иновациите за зелени бизнис идеи на локално ниво и да ја истражи улогата на филантропијата во вклучувањето на локалните заедници кои генерираат зелени бизнис идеи. Зелените бизнис идеи генерирани од заедниците се однесуваат на употреба на локалните ресурси и ревитализација на исчезнувањето на традиционалните производствени синџири и пазари во заедницата.
Покрај АРНО, која е организација одговорна за спроведување на националниот натпревар во С. Македонија, партнери одговорни за спроведување на националните натпревари во другите земји се: Partners Albania (Албанија), Форум за граѓански иницијативи/FIQ(Косово), Фондот за активно граѓанство (Црна Гора), Tраг Фондација (Србија), фондацијата „Мозаик“ (Босна и Херцеговина) и HumanRights360 (Грција).
Секој од победниците на регионална ниво добива поддршка од 10 000 долари за имплементација на зелената бизнис идеја, при што АРНО учествува во мониторинг и евалуација на процесот, и дополнително поврзување со други поддржувачи. Национални партнери кои го поддржуваат натпреварот се: Здружение за менаџмент консалтинг – МЦА 2000, Фондот за иновации и развој на технологија (ФИТР), комората на бизниси од Северо-западна Македонија и Македонија 2025 (од 2021-ва). Преку овој натпревар, вклучително со 2020-та година, вкупно 70.000 долари се инвестирани во нашата земја за поддршка на зелени бизниси.
Натпреварот се одвива преку структурирани критериуми и процес со кој се обезбедува транспарентен избор на победничките идеи. Оваа иницијатива има за цел да ги поддржи зелените идеи на национално ниво и да допре до руралните области и маргинализирани заедници. Повеќе информации за отворените повици и сите детали во врска со националниот натпревар може да се најдат на www.zeleniidei.mk, (Повикот за натрпеварот зелени идеи 2021- е отворен до 12-ти мај) а регионалните информации можете да ги најдете тука: www.balkangreenideas.org
Од проектот издвојуваме: ОД 2015-та кога АРНО почнува со администрирање на натпреварот на национално ниво, С. Македонија го добива својот прв регионален победник (Наша Добра Земја-Прва кооператива на органски потрошувачи). Во 2016-та повторно имаме македонски победник: Марта Мојсова млада архитектка која основа стартап за поправка и редизајн на стар мебел (СПИН), и во 2017-та имаме двајца победници: Кристиан Шопов, еко-магионичар кој преку забава пренесува еколошки пораки (Еко илузии) и Јане Заевски кој заедно со својот тим ја основаше платформата „Храна за сите“ преку која се продава и донира непродадена храна од угостителските објекти. Во 2019-та македонски регионални победници се носителите на идејата за производство на ориз на одржлив начин-Оризова братимка„ Био смарт ориз“ и „Challenger“мобилната апликација која ги мотивира луѓето да одат пеш или да возат велосипед . Во 2020 македонска регионална победничка идеја е „Вајс адитив“ на младата иноваторка Софија Дацева која преку принципот на циркуларна економија произведува прехранбен адитив добиен со преработка на комиње.