Забавно детско катче на границите image

Забавно детско катче на границите

Датум

2016

Донатори

Рутгерс Њујорк (САД)

Партнери

АРНО (координатор), „СОС Детско село Македонија“, театар на сенки „Сенки и облаци“

Клучни зборови

поддршка на децата бегалци, мигрантска криза, театар на сенки, социјални иновации, филантропија

Во март 2016-та година како хуманитарна реакција на тажните слики на бегалци, АРНО заедно со театарската екипа „Сенки и облаци” АРНО организираше неколку работилници за децата-мигранти на граничниот премин Табановце во С. Македонија.

Активностите кои се спроведоа беа културолошки соодветни, се користеа театарски техники бидејќи визуелизациите и боите можат да направат одлични забавни приказни без зборови и да се разберат низ културите (главниот предизвик беше да не се користат зборови бидејќи можноста за превод беше ограничена само за итни потреби).

Во текот на проектот, децата-бегалци беа охрабрени да земат учество во прилагодените програми. Фотографиите и резултатите од работилницата беа презентирани пред јавноста и добија големо внимание бидејќи театарот на сенки како алатка е многу привлечен, особено кога се користи за промовирање на концептите на мир и интеркултура. Јавноста и медиумите реагираа на фотографиите и така се постави дополнителен општествен притисок на националниот пристап кон кризата со бегалците, бидејќи луѓето ги надминаа ксенофобичните верувања гледајќи ги лицата на децата, насмевките и солзите од споделените фотографии и апелираа за достоинствен хуманитарен одговор и помош.

Проектот беше спроведен во партнерство со „СОС Детско село Македонија” и поддржан од црквата Рутгерс, Њујорк (САД).

Од проектот издвојуваме: Процесот на изработка на претставите на театарот од сенки, вклучуваше консултации со експерти за интеркултурна комуникација. Развојот на креативните резултати беше процес на учење сам по себе (се користеа само светли бои, имаше намерно избегнување на контури на градски предели, итн.).