Вклучување на мажите и момчињата за родова еднаквост image

Вклучување на мажите и момчињата за родова еднаквост

Датум

2017 - 2017

Донатори

Регионалната канцеларија на УНФПА за источна Европа и централна Азија

Партнери

АРНО (Координатор), Y-PEER Македонија

Клучни зборови

родова еднаквост, социјални иновации, кампања

Во септември 2017-та година во Скопје се одржа првиот саем за мажи насловен како „И мажите можат“. Во рамки на саемот се одржаа три работилници насловени како „Мажите пеглаат“, „Мажите готват“ и  „Креативни игри за деца“ во кој учество земаа мажи и момчиња  од С. Македонија.  Овој настан се спровде во рамки на националната кампања „И мажите можат“ која имаше за цел да го промовира вклучувањето на мажите и момчињата за родова еднаквост. Кампањата се фокусираше на промовирање на позитивните примери на татковство грижа во домот во секојдневниот живот во семејствата, и истата беше проследена со голем интерес од страна медиумите и јавноста.

Кампањата се одвиваше во рамки на проектот „Вклучување на мажите и момчињата за родова еднаквост“ кој го имплементираше здружението за социјални иновации „АРНО“ во партнерство со Y-PEER Македонија со поддршка на Регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија.  Организации кои го поддржаа проектот во С. Македонија се: Здружение Родова Перспектива, Здружение за еднакви можности „СЕМПЕР“– Битола , ЖЕНСКИ ФОРУМ –ТЕТОВО, Женска Граѓанска Иницијатива АНТИКО, ЕХО Едукативно-хуманитарна организација, Tiiiit !Inc и Организација жени на град Скопје и Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство.

Од проектот издвојуваме: Кампањата беше поддржана од Џорџ Георгиевски, познатиот татко од Австралија со македонско потекло, кој стана светски хит на социјалните мрежи со подготвувањето на оброци за во училиште за своите ќерки.

Документи за преземање

Видеа од проектот