Активирање на руралната младина преку претприемништво
Датум
Донатори
Партнери
Клучни зборови
Активирање на руралната младина преку претприемништво е проект координиран од невладината La Sabina de El Bonillo од Шпанија, во партнерство со други граѓански организации од С. Македонија, Албанија, Полска, Романија, Грција, Србија и Литванија. Овој проект беше финансиран од страна на Европската комисија преку Еразмус+ програмата за мобилност. Целта на оваа обука, развиена во тесна соработка со партнерите на проектот, беше да се придонесе во борбата со невработеноста на младите и да се поттикне употребата на претприемништво како алатка за развој на младите и младинската работа. Покрај тоа, претприемништвото како алатка беше искористено за зајакнување на младите, активирање на неактивните млади со цел развој на компетенции за животни вештини, вклучувајќи и адресирајќи ги и младите со помалку можности, и нивен личен и професионален развој.
Од проектот издвојуваме: Помеѓу избраните обучувачи ангажирани за спроведување на обуката беше Владимир Петковски, претставник и член на АРНО и професор по економија на Економскиот институт во Скопје.